Францускиот министер за буџет си даде оставка, имал тајна сметка во Швајцарија
Поради истрагата за даночна измама, францускиот министер за буџет, Жером Кајизак, поднесе оставка и треба да биде заменет од министерот за европски прашања Бернар Казњов. Ова го соопштија британските медиуми повикувајќи се на соопштението кое стигнало од претседателската канцеларија.
Претходно француските обвинители почнаа официјална истрага за обвиненијата дека Кајизак има тајна банкарска сметка во Швајцарија.
Слично
