Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француски суд ја укина забраната за носење на Буркинa на плажа

Француски суд ја укина забраната за носење на Буркинa на плажа

Францускиот врховен судски орган ја укина забраната за носење на Буркина - облека за плажа, која го покрива целото тело, вклучувајќи и косата, воведена од локалните власти во градот на Француската ривиера.

Одлуката беше донесена откако порано активисти ја оспорија забраната на судот, јавува АФП.

Во својата одлука, што претставува преседан, францускиот државен совет пресуди дека локалните власти можат да ги ограничуваат граѓанските слободи само при утврдување на ризик за јавниот ред.

Дебатата околу Буркина се разгори со нова сила, откако претходно во медиумите беше објавена серија од фотографии кои покажуваат жена со шамија и долга облека на плажа во Ница, која била принудена да тргне дел од облеката од полицајци, јавија светски медиуми.

Слично

Поврзани вести