Француски државјани се приклучуваат на Исламска држава
Повеќе од 600 лица ја напуштиле Франција, за да отидат во Сирија и Ирак, а уште околу 800 сакаат да се приклучат на Исламска држава.
„Секој ден следиме мрежи, лоцираме и апсиме луѓе. Денес 2029 француски државјани кои живеат во Франција се вмешани во џихадистички мрежи "- вели францускиот премиер, Мануел Валс.
Меѓу нив има 283 жени и најмалку 20 малолетници, прецизира тој. Премиерот посочи дека сите овие лица се сериозна опасност за националната безбедност, ако се вратат во татковината, во Франција. Досега се приведени 338 лица кои се вратиле од Сирија или Ирак.
Француското правосудство вчера покрена обвинение против 28-годишниот Јусеф Е., кој беше уапсен пред неколку дена, заедно со други исламисти, осомничени дека планираат да извршат во блиска иднина напади во земјата.
Тој е обвинет за учество во криминална група, која планирала терористички дејства.
Во март 2014 година Јусеф е уапсен при обид да замине за Сирија и осуден на пет години затвор, вклучувајќи една условно. Тој е ослободен минатиот октомври и ставен во домашен притвор.
Слично
