Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Француски бакнеж на Барак Обама за разделба“

„Француски бакнеж на Барак Обама за разделба“
Дел од американските медиуми упатија остри критики до американскиот претседател Барак Обама поради тоа што не учествувал во големиот марш на солидарноста во Париз. „Го изневеривте цел свет“, пишува на насловната страна на „New York daily news“. Голем број светски лидери дојдоа во неделата во Париз за да го предводат маршот во знак на поддршка за жртвите од исламистичките напади кои загинаа за време на трите крвави денови во Франција. Милиони луѓе зедоа учество во неделата на најголемиот протест во историјата на Франција, а околу 1,6 милиони лица се собраа само во Париз, наведува АФП“. Но, Обама не беше меѓу нив, лидерите кои шетаа рака под рака на чело на поворката во француската престолнина. САД беа претставени од страна на амбасадорката во Франција, Џејн Хартли. „Како Американец би сакал подобро да сме претставени во оваа поворка“, порачал репортерот на „CNN“ Џејк Тапер, кој известувал од собирот во Париз. Американскиот државен обвинител, Ерик Холдер, престојувал во Париз но и тој не бил дел од поворката во која учествуваа голем број светски лидери, додека американскиот државен секретар Џон Кери престојуваше во посета на Индија. Обама и потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, тој ден немаа никакви планирани државнички должности, пренесуваат светските медиуми. Политичкиот магазин „Политико“ објави текст за тоа како администрацијата го пропуштила митингот во Париз насловен како: „Француски бакнеж на Барак Обама за разделба“.  
Слично

Поврзани вести