Француската влада останува на својата цел за раст на економијата
Француската влада останува на анализите за раст на економијата од 0,8 отсто и дефицит од три отсто БДП за 2013 година, и покрај тоа што ММФ има полоша прогноза.
Премиерот Жан-Марк Еро изјави синоќа дека Владата не отстапува од своите ветувања бидејќи тоа е цел која нема алтернатива.
- Франција се залага за економско оживување кое мора да се спроведе без оглед на тоа колку ќе биде тешко. Песимистичките предвидувања нема да не обесхрабрат, изјави Еро.
Според првичните оценки на ММФ Франција нема да успее да го сведе дефицитот на три отсто, а економскиот раст нема да биде повисок од 0,4 отсто. Националнито Завод за статистика минатата недела објави прогноза за раст од 0,1 отсто во првите шест месеци од следната година и понатамошен раст на невработеноста.
Слично
