Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француската полиција бара потешко вооружување

Француската полиција бара потешко вооружување
Француските полициски служби по тешките напади во Париз во кои загинаа и тројца полициски службеници, побарале да имаат потешко вооружување. Двајца полициски службеници загинаа за време на нападите од седми јануари врз редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, телохранителот на уредникот на редакцијата на споменатиот весник и еден сообраќаец кој реагирал меѓу првите. По само еден ден во едно предградие на Париз убиена беше и една невооружена припадничка на полициските сили, пренесува „АП“. Претставници на францускиот полициски синдикат денес остварија состанок со високи претставници од министерството за внатрешни работи барајќи притоа потешко вооружување, подобра заштитна опрема, подобра обука и поголеми законски овластувања во однос на терористите.  
Слично

Поврзани вести