Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција:Вредноста на еврото е премногу висока

Франција:Вредноста на еврото е премногу висока
Вредноста на еврото е премногу висока ова се честите тврдењата на Франција, што може да го загрози заздравувањето на европската економија, изјави францускиот министер Пјер Московиси. -Ние веруваме дека меѓународниот монетарен систем треба да се реформира и стабилизира, со што не би зависел од расположението на пазарот”, рече тој, пред почетокот на самитот денеска во Брисел. По раст од 6,5 отсто во изминатите шест месеци, еврото беше во тоа време на 14-месечниот максимум во однос на доларот и на највисоко ниво во последните две и пол години во однос на јенот, рече тој. -Европа мора мирно да го реши прашањето на девизниот курс, без почнување на валутна војна или вршење на дополнителен притисок врз ЕЦБ”, изјави Московиси. Портпаролот на германската влада изјави вчера дека девизниот курс е утврден во финансиските пазари и дека Берлин не мисли дека еврото е преценето.
Слично

Поврзани вести