Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција:Тужби за телефонски оператори, давале нејасни договори

Франција:Тужби за телефонски оператори, давале нејасни договори

Поради нејасни одредби во договорите со клиентите, десет телефонски оператори добија тужба од француското Здружение на потрошувачи, јавија светските медиуми. Како што посочуаат од Здружението, во сите случаи договорите содржат нејасни одредби кои најчесто се во полза на операторите, а на штета на потрошувачите.

Забелешките најчесто се однесуваат на така наречените понуди со „неограничен“ интернет и телефонски разговори. Често овие „неограничени“ понуди се неограничени само на хартија, а во практика се појавуваат ограничувања за потрошувачите, како неограничен интернет до 3 Го, неограничени телефонски разговори со 200 телефонски јавувања и слично. Исто така, во случај на губење или кражба на телефонот, претплатникот согласно договорот мора да продолжи да ја плаќа својата претплата иако ја има суспендирано линијата.

Плакање однапред 

Дел од телефонските оператори се тужени од стана на Здружение на потрошувачи поради тоа што бараат од своите клиенти да уплатат аванс во случај ако ја надминат сумата предвидена со претплата, а во спротивно нивната линија може да биде прекината.

Други оператори им наплаќаат дополнителни трошоци на клиентите кои не ја уплатиле навреме претплатата.

„Одредбите на договорите се општи, технички нејасни и не ги охрабруваат потрошувачите при склучувањето на договорот да ги прочитаат целосно, а и кога ќе ги прочитаат одредбите се нејасни.“, велат од Здружението.
Слично

Поврзани вести