Европа да се фокусира на промовирање на раст, а не стегање на буџетот
Францускиот министер за финансии Пјер Московиси, изјави дека Европа мора да се фокусира на промовирање на растот, а не на стегање на буџетот, за да ја заживее паднатата економија на блокот и да избегне продлабочување на социјалната криза.
Московиси во Брисел предупреди дека продолжувањето на спроведување на остри мерки за штедење може да придонесе за продолжување на социјалната криза која води кон популизам.
Буџетските резови кои се покренати за борба против должничката криза во 17 члената еврозона, само помогнаа регионот да го бутне во рецесија и ја зголемија невработеноста на рекордно ниво.
Слично
