Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦИЈА ЗАТВОРА ЏАМИИ: Во близина на Париз откриени муниција за „калшникови“ и видеа за џихадистите!

ФРАНЦИЈА ЗАТВОРА ЏАМИИ: Во близина на Париз откриени муниција за „калшникови“ и видеа за џихадистите!

Муниција за автомати „Калашников“ и пропагандни видеа на групата „Исламска држава“ (ИД) биле пронајдени за време на пребарувањето на џамија во близина на Париз и запленети од полицијата, соопштува „Интернешнел бизнис тајмс“.

Претресот бил извршен во градот Lagny-sur-Marne, кој се наоѓа на 30 километри источно од француската престолнина.

За време на претресот на џамијата, која била посетена од салафити, како и  претресените уште неколку такви објекти, биле пронајдени разна муниција и пропагандни материјали, меѓу кои видеа на Исламистите и муниција со калибар 7.62 милиметри.

mosque-lagny-sur-marne-closed-december2

Пиштол и документи, посветени на џихадот, биле пронајдени во домот на шефовите на џамијата. Операцијата завршила и со издавање на наредба за напуштање на областа за 22 лица и за задржување во куќен притвор на 9 лица.

Кон џамијата имало и училиште за изучување на Куранот и од него биле запленети педагошки материјали, меѓу кои тестови на религиозни химни, воспевачки слови на „мачениците на џихадот“, поврзани со ИД. Властите појаснуваат дека не добиле никакво барање за отворање на вакво училиште од страна на раководителите на џамијата.

Предметите во Lagny-sur-Marne биле претресени на 2 и 3 декември.

Предметната џамија во оваа француска област е третата затворена во Франција од властите по нападите во Париз на 13 ноември, загинаа 130 лица.

Слично

Поврзани вести