Франција започнува воздушни напади против „Исламската држава“ во Сирија
Францускиот претседател Франсоа Оланд наредил почеток на подготовка за воздушни напади против „Исламската држава“ во Сирија, пренесоа „Ројтерс“ и „БиБиСи“. Шефот на државата најавил на прес-конференција дека од утре неговата земја започнува со разузнавачки летови.
„Имаме докази дека борците на „Исламската држава“ од Сирија подготвуваат напади врз голем број земји, меѓу кои и Франција“, објаснил Оланд на прес-конференција. Тој сепак ја исклучи можноста за испраќање на копнени сили во Сирија.
Анкетата меѓу Французите, направена по нарачка на весникот „Le parisien“, покажува дека 55% од општеството е против олеснување на правилата за азил на бегалците, вклучително и на оние од Сирија. 33 отсто сметаат дека Франција е непријател за разлика од Германија кон имигрантите, додека 44% не гледаат разлика во односот на двете земји.
Во исто време 61% од Французите би ја поддржале земја, ако таа одлучи да се вклучи во воздушните напади против „Исламската држава“ во Сирија, покажуваат уште анкетите.
Франција беше првата држава која се вклучи во коалицијата предводена од САД за напади врз позиции на џихадистите во Ирак, но досега се воздржуваше од слични активности во Сирија поради стравување дека тоа може да го фаворизира режимот на Башар Асад.
Според податоците на ОН над 200 000 луѓе биле убиени, а 9 милиони - раселени или избегале од земјата поради граѓанската војна која трае веќе 4 години.
