Франција jа укинува помошта за Ромите
Стигнуваат сериозни најави од Франција дека до крајот на 2012 година ќе се прекине со исплатата на т.н. хуманитарната помош за враќањето на Ромите во нивните родни земји, најави францускиот министер за внатрешни работи, Мануел Валс.
„Хумабитарната помош за враќање, која ние ја укинуваме беше елемент кој ја правеше Франција атрактивна за имигрантите“, истакна притоа францускиот министер за внатрешни работи, а оваа изјава ја пренесоа повеќе француски медиуми.
Најголем дел од Ромите кои се селат во Франција доаѓаат од новите членки на Европската Унија, Бугарија и Романија.
Слично
