Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција тешко се справува со сиромаштијата

Франција тешко се справува со сиромаштијата
Расте бројот на сиромашни лица кои користат помош од невладината организација Секур католик (Католичка помош) во Франција. Според извештајот во 2011 година помош прифатиле 1.422.000 лица, од кои 668.000 биле деца, покажува извештајот на оваа организација, што значи зголемување од 47 отсто на 53 отсто.Меѓу корисниците на помошта 94 отсто живееле под прагот на сиромаштијата, односно имале помалку од 964 евра месечно во 2010 година. Расте и бројот на странци кои поради сиромаштијата се принудени да побараат помош и тоа за 30%,  во споредба со 23 %отсто во 2001-вата. Меѓу сиромашните се побројни се жените, а  „Секур католик“ прифатила 160.000 самохрани мајки и само 20.000 самохрани татковци. Најголемата причина за сиромашатијата е немањето работа, стои во извештајот. Најголемиот број од семејствата (60 отсто) кои побарале имаат неплаетени сметки, пред се за струја и кирија. Француската невладината организација бара зголемување на социјалната помош и намалување на тековните трошоци кои најмногу тежат врз буџетот на скромните и сиромашни семејства, со цел стопирање на растот на сиромаштијата во земјата.
Слично

Поврзани вести