Франција спречи нов напад во Париз
Француската полиција спречи нов терористички акт во Париз.
Во меѓувреме 6 лица беа уапсени при серија полициски операции во Брисел. Министерот за внатрешни работи, Бернар Казнeв соопшти дека при операцијата во париското предградие Аржантаи биле откриени експлозиви и било уапсено лице осомничено подготовка на атентат.
„Беше спречен обид за терористички чин. Во предградието во моментов се спроведуваат претреси. Исто така е евакуирана станбена зграда. На местото работат деминери "- вели министерот.
Тој појасни дека биле спречени подготовки на атентат, која се наоѓал во „напредна фаза".
„За време на операцијата е уапсен осомничен за подготовка на терористички акт. Станува збор за француски државјанин "- додава министерот.
Според него засега нема јасни податоци дали обидот за терористички акт е поврзан со експлозиите во Брисел.
Антитерористичката операција била подготвувана неколку недели. Уапсениот во предградието на Париз е маж кој заземал висока позиција во една од терористичките групи.
Слично
