Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција: Разбиена голема мрежа за регрутирање џихадисти

Франција: Разбиена голема мрежа за регрутирање џихадисти
Француската полиција рано утринава спроведе рации на неколку локации во земјата и успеа да разбие голема мрежа за регрутирање џихадисти кои се вклучувале во борбите на фронтот во Сирија, пренесе агенцијата „АФП“. Елитните антитерористички единици извршиле рација на десет локации, од кои поголем дел во јужниот дел од државата во близина на Тулуз, но и во поширокото подрачје на Париз и во северната покраина Нормандија, се вели во текстот на агенцијата која се повикува на анонимен извор. За сега нема информации колку лица се уапсени. Франција, каде живеат голем број муслимани, последниве месеци се соочува со отворено приклучување на стотици нејзини граѓани на фронтовите во Ирак и Сирија. Се проценува дека до сега на џихадистите во Ирак и Сирија им се прикличиле повеќе од 1000 француски државјани и дека околу 400 лица во моментов се активни во борбите, а за 50 од нив се претпоставува дека веќе се загинати.
Слично

Поврзани вести