Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција пламна од пожари

Франција пламна од пожари

Околу 3300 хектари вегетација изгореа шумските пожари кои веќе втор ден беснеат во јужна Франција, соопштија светските агенции.

Три лица се повредени и имаат тешки изгореници. Дваесет пожарникари и десет полицајци се затруа со чад. Властите се плашат дека поради силните ветрови огнот може да опфати поголеми делови, објавија локалните власти.

Еден од пожарите, уништи 2.500 хектари површина, а беше ставен под контрола во текот на ноќта во четвртокот близу  Марсеј, северно од градот. 800 хектари изгореа во пристанишната зона Фос сур Мер.

Во борбата со огнот учествуваат 1.800 пожарникари, стотина полицајци, 500 специјални коли, 5 авиони и 2 хеликоптери. Над 500 лица се евакуирани. Пожарите нанеле штета на многу градби, вклучувајќи и индустриски.

Слично

Поврзани вести