Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција: Не се отстранети сите закани

Франција: Не се отстранети сите закани
Француските безбедносни сили трагаат по девојката на исламистичкиот напаѓач додека Франција е во жалост поради убиените за време на трите крвави дена во земјата. Откако францускиот претседател Франсоа Оланд, предупреди дека заканите со кои се соочува Франција „не поминале“, а исламистичките групи упатиле застрашувачки предупредувања за нови напади, силите за безбедност трагаат по Ајат Бумедиен, за која велат дека е „вооружена и опасна“. Таа е следбеник на Амеди Кулибалиј, кој беше убиен во вчерашната акција на француските безбедносни сили откако упаднаа во продавница во источен Париз, каде тој држеше престрашени купувачи како заложници. Тој уби четири заложници за време на опсадата на продавницата и ги повика своите пријатели апелирајќи и тие да извршат напади. Оланд одржа итна седница со министрите на клучните ресори, неколку часа по драматичното завршување на двете истовремени опсади и убиството на двајцата браќа кои убија 12 лица во напад на редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ во средата во Париз. Браќата Куаши вчера беа опколени во една печатница во близина на Париз по размена на оган со полициските сили во кој, според тврдењата на обвинителот Франсоа Молен, Саид бил полесно ранет во вратот. Браќата како заложник го држеле менаџерот на печатницата но подоцна го пуштиле откако тој му помогнал на Саид да ја санира раната, додека друго лице се криело во една просторија на првиот кат, раскажал Молен. Според неговите кажувања, лицето кое се криело успеало да им испрати „SMS“ со информации за ситуацијата во печатницата на безбедносните сили и успеал да го преживее нападот. Напаѓачите со себе имале големи количини оружје како и голем број Молотови коктели и ракетен лансер.  
Слично

Поврзани вести