Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција не се откажува од данокот за богати, сега удри по Швајцарија

Франција не се откажува од данокот за богати, сега удри по Швајцарија
Франција е решена да дејствува цврсто оние кои бегаат од високите даноци во Швајцарија и тоа со нови правила кои може да има тешки последици за овие Французи, пишува денеска весникот Тан. Според упатствата на Генералниот директорат за јавни финансии, Франција повеќе нема да дозволи примена на Конвенцијата за избегнување на двојното оданочување за Французите, кои живеат во Швајцарија и плаќање т.н. даночен пакет "плус".  Оваа практика постои од 40 година според договор меѓу Франција и Швајцарија, пренесува Тан. Олеснувањето, воведено во 1972 година, е поништено од 1 јануари 2013 година. Мерката ќе важи за даночните емигранти, кои продолжуваат да вршат професионална дејност или да примаат дивиденди во Франција, но не плаќаат даноци таму, бидејќи се сметаат за постојан жител на Швајцарија. Овие Французи регистрирани во Швајцарија, плаќаат помалку даноци во Франција - 15% на дивидендите, наместо 30%. Според експертот за швајцарско оданочување Филип Кенет, ако Франција навистина ги исклучи овие француски даночни обврзници резултатот ќе биде токму спротивен: даночните изгнаници ќе ги прекинат сите врски со Франција, за да се заштитат. На крајот на 2010 година во Швајцарија имаше 5445 странски државјани мултимилионери, корисници на даночни олеснувања од кои 2000 се Французи. Во меѓувреме, францускиот актер Жерар Депардје  кој со указ на Владимир Путин доби руско државјанство, пристигна во Сочи за да се сретне со рускиот претседател. Се пртпоставува дека дошол по својот руски пасош.
Слично

Поврзани вести