Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција не се грижи за препораките од ММФ

Франција не се грижи за препораките од ММФ
Oд 4,5% на 3% Франција ќе го намали јавниот дефицит и покрај препораките на ММФ да ги преиспита економските политики. Според шефот на мисијата на ММФ во Франција, оваа земја заедно со европските партнери треба да го преиспита планот за намалување на дефицитот бидејќи е нереалистичен. ММФ смета дека дефицитот треба да се сведе на 3,5% освен ако земјата не мисли да воведе нови рестриктивни мерки на штедење што може лошо да се одрази на земјите од ЕУ кои се во криза. Сепак и покрај овие повици , владата останува на својот план со кој до јуни треба да го скуси дефицитот за 14,5 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести