Франција може да го повика НАТО на помош, зошто не го прави тоа?
Франција може да го искористи Член 5 од договорот на Атланскиот пакт и да побара од НАТО да се справи со „Исламска држава“. Таков потег дури нема да биде преседан, откако САД на ист начин ги нападнаа Талибанците во Авганистан по нападите на 11 септември, 2001 година, во Њујорк.
Сепак, францускиот претседател Франсоа Оланд до моментов не дал никаков сигнал дека ќе побара воена операција на Алијансата против џихадистите, кои ја презедоа одговорноста за крвавите напади во Париз, извршени во петокот, пишува „The Washington Post“.
Во меѓувреме француската авијација го бомбардираше реонот Ракот, своевидна престолнина на „Исламската држава“ во Сирија.
Американскиот претседател Барак Обама јасно изјавил во говорот по терористичките напади во Париз, дека САД се подготвени да се вклучат, ако Франција побара помош по Член 5, според кој вооружен напад преземен против една или повеќе од земјите-членки на НАТО, во Европа или во Северна Америка, ќе се смета како напад против сите нив.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, изразил подготвеност Турција да учествува во воена операција на НАТО против „Исламската држава“.
Претседателот на Германија, Јоаким Гаук го утврди што се случило во француската престолнина како „нова форма на војна“. Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Волтер Штајнмаер, додал дека Франција не е сама и дека ќе добие воена поддршка во Сирија и Ирак, ако побара таква.
Но Оланд не дава знак дека ќе побара интервенција на Алијансата. Однесувањето на францускиот претседател е чудно, откако самиот тој ги опиша нападите во Париз, како „акт на војна“ против неговата земја. Сепак Оланд не ја мобилизира француската армија и изгледа нема намера да лансира копнена операција против џихадистите, кои успеаја да удрат во Париз, покрај воздушните напади на нивните позиции.
НАТО брзо и лесно може да ја „исчисти“ „Исламска држава“. А и Оланд веќе наредувал воени операции на странска територија во Мали во 2013 година. Тогаш француската армија ги нападна успешно локалните џихадистите, без повод да има крвав напад врз самата Франција. Тука се поставува прашањето што точно чека францускиот претседател?
