Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција ќе му даде државна помош на „Пежо“

Франција ќе му даде државна помош на „Пежо“
Европската комисија и одобри на француската Влада да му пружи привремена државна помош на производителот на автомобили ПСА „Пежо ситроен“ во вид на шестмесечна гаранција од 1,2 милијарди евра. При тоа, како еден од условите за државната помош е компанијата во рок од шест емсеци да достави план за реструктурирање на целокупната групација. „Одобрение за оваа гаранција беше неоопходно на банката ПСА Финанс да овозможи пристап на пазарот, како и да се избегне проблемите да се прошират низ финансискиот банкарски сектор, што би влијаело на трошоците на задолжување ПСА Финанс“, се наведувба во соопштението од Брисел. Глобалната продажба на најголемата француска и втора по големина европска автокомпанија опадна минатата година за 16%, под три милиони возила, поради намалување на побарувачката во Европа, каде компанијата остварува околу 60% од приходите.  
Слично

Поврзани вести