Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција ја зголемува безбедноста со дополнителни 10.000 војници

Франција ја зголемува безбедноста со дополнителни 10.000 војници
Најмалку 10.000 француски војници од денес ќе бидат распоредени на целата територија на државата со цел да се зајакне безбедноста на „најслабите точки на територијата“, по џихадистичките напади во Париз во кои минатата недела загинаа 17 лица. Францускиот министер за одбрана Жан – Ив Ле Дриан изјавил дека претседателот Франсоа Оланд „ги повикал вооружените сили да земат учество во обезбедување на осетливите точки на територијата“, укажувајќи притоа на „зголемените закани“ со кои се соочува земјата. Говорејќи за „вистински внатрешните операции“, министерот за одбрана рекол дека ова е „прв пат да е изречена наредба за мобилизација од вакви размери која е изведена во оваа земја“. Околу 5.000 полициски службеници веќе беа мобилизирани во текот на вчерашниот ден кои добија задача да штитат 717 училошта и места на кои се собираат Евреите во Франција, додека паралелно продолжува потрагата по соучесниците на напаѓачите што го извршија масакрот во Париз.  
Слично

Поврзани вести