Франција испраќа носач на авиони на Блискиот исток
Францускиот претседател Франсоа Оланд, најави дека Франција ќе го испрати носачот на авиони „Шарл де Гол“ во водите на Блискиот исток, поради поблиска соработка со коалиционите сили на чело со САД во борбите против Исламската држава.
По една недела од терористичките напади во Париз во кои загинаа 20 лица, вклучувајќи ги и тројцата напаѓачи, Оланд обраќајќи се на војниците на „Шарл де Гол“, истакнал дека ситуацијата „го оправдува присуството на францускиот носач на авиони“.
Франција и до сега учествуваше во воздушните напади врз припадниците на Исламската држава во Ирак.
Оланд во говорот пред војниците на бродот ја критикувал меѓународната заедница бидејќи споро реагирала на судирите во Сирија.
Слично
