Франција и Германија прават проект за одбрана на ЕУ
Франција и Германија прават проект за одбрана на Еворопската унија.
Креирање штаб за сместување за европската одбрана и заеднички систем за сателитски опсервации предвидува планот изработен од Франција и Германија.
Тоа е план за одбранбена политика на ЕУ. Планот предвидува и размена на логистички и воено-медицински ресурси, пишува германскиот весник „Зидојче цајтунг”.
Планот се подготвува од министрите за одбрана Жан-Ив Ле Дриан и Урсула фон дер Лијен, прецизира извор од француското Министерство за одбрана. Според него целта на заедничката иницијатива на Франција и Германија е европската одбрана да стане „повеќе активна, поефикасна, без замена на националните воени институции, кои остануваат во принцип клучни за безбедноста на земјите-членки на ЕУ”. Сакаме операциите на ЕУ да се активираат повеќе симплистички, додаде изворот, според кого министрите подготвуваат конкретни предлози, а не само „општи идеи”.
