Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦИЈА ГИ ЗАТВАРА ЏАМИИТЕ? Оние кои проповедаат омраза ќе бидат протерани!

ФРАНЦИЈА ГИ ЗАТВАРА ЏАМИИТЕ? Оние кои проповедаат омраза ќе бидат протерани!

Предлогот за затворање на џамиите во кои се собираат радикалните исламисти во Франција, ќе биде предаден на владата за разгледување, најавил францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев по смртоносните напади во Париз и прогласувањето на вонредна ситуација.

„Внатрешната ситуација е желба ... цврсто и одлучно да се пристапи и да се протераат оние кои треба да бидат протерани бидејќи проповедаат омраза во Франција, независно од тоа дали учествувале или се осомничени за учество во активностите со тетористички обележја“ изјавил Казнев за телевизијата „Frans 2“.

francija 1

Тој додал дека тоа значи затворање на џамиите во кои поединци шират омраза или повикуваат на неа.

„Веќе во тој правец дадов упатства и за тоа ќе се расправа во владата. Тоа треба да го спроведеме до крај и одлучно“ додал тој.

francija

Казнев предупреди дека неколебливо ќе ги спроведе сите мерки кои се предвидуваат во вонредна состојба, од затворање на поединец во куќен притвор до претрес на сите станови и куќи кои се сомнителни, пренесе агенцијата Хина.

Слично

Поврзани вести