Франција бележи рекорден извоз на алкохолни пијалоци
За 10% пораснал извозот на вино и жестоки алкохолни пијалоци во Франција во 2012 година. Забележано е и рекордно ниво на извоз од 11,2 милијарди евра, соопшти Националното Здружение на извозници на вино и алкохолни пијалоци.
И покрај лошата економска клима, француските вина и алкохолни пијалоци регистрираа одлични извозни резултати, а најдобри резултати има од извозот на виното „бордо“, шампанско и коњак. Како најголеми увозници на „бордо“ се јавуваат Велика Британија со 17,2 отсто, САД, Германија, Белгија и Кина. САД пак остануваат и понатаму најголем увозник на француски жестоки пијалоци.
Слично
