Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција бара затворање на границите и суспензија на безвизниот режим

Франција бара затворање на границите и суспензија на безвизниот режим

По теророристичките напади во срцето на Париз, Франција во петок ќе побара воведување внатрешна контрола на границите и привремена суспензија на Шенгенскиот договор.

„ Франција ќе побара ефективна суспензија на Шенген зоната ширум Европа оваа недела, а бара и другите европски земји да ја засилат контрола на границите “, потврдиле дипломатски извори за лондонскиот Телеграф.

Ова следува по нападот што во петокот се случи во Париз, каде загинаа 129 луѓе.

Предлогот за суспензија на Шенгенот, Франција ќе го изложи на итниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел во петок .

Предлогот не се однесува на воведување визи, туку во чести проверки и идентификации на луѓето кои влегуваат во Европа и излегуваат од неа, а најмногу и на оние кои се движат низ внатрешните граници во земјите во Унијата.

Слично

Поврзани вести