Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција бара мигрант кој подготвува напад

Франција бара мигрант кој подготвува напад

Властите во Париз се на нога поради бегалец, за кој има информации дека може да планира терористички напад.

Станува збор за мигрант кој е во земјата од пред два месеци и бара азил, а неговиот идентитет не се открива.  Веста доаѓа паралелно со одлуката на градските власти да ги одложат планираните за август масовни настани. Стравот продолжува во земјата, која е погодена од напади. Последните два се од последниот месец.

При еден напад,  маж прегази со камион 84 лица на шеталиштето во Ница. Друг терорист го пресече грлото на возрасен свештеник кој беше земен како заложник во францускиот град Сен Етјен ду Рувре.

Во земјата е на сила вонредна состојба уште од ноември. Тогаш бомбаши-самоубијци убија 130 лица во Париз.

Слично

Поврзани вести