Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франсоа Оланд бара нова монетарна политика за заштита на еврото од манипулации

Франсоа Оланд бара нова монетарна политика за заштита на еврото од манипулации
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Европа треба да се стекне со вистинска политика за менување на еврото со цел да се стабилизира курсот на еврото кој во моментов е изложен на силни осцилаци на пазарот на девизите. Според него,  во евро-зоната мора да биде креирана политика за курсот на валутите со цел еврото да биде заштитено од ирационални движења на курсните разлики. Во говорот во Европскиот парламент во Стразбур, Оланд оцени дека Европа го оставила еврото без заштита од манипулациите со вредноста на валутите, што, според него, во иднина не смее да биде дозволено. Европа треба да се стекне со вистинска политика за менување на еврото со цел да се стабилизира курсот на еврото кој во моментов е изложен на силни осцилаци на пазарот на девизите, истакна францускиот претседател Франсоа Оланд. „Европа ја остава европската монета ранлива на ирационалните еволуции во една или друга насока“ смета францускиот претседател. Според него „една монетарна зона треба да има политика на менување“. Последниве денови еврото достигна повторно високо ниво во однос со доларот и другите девизи, предизвикувајќи голема загриженост во француската индустрија силно погодена од актуелната криза.
Слично

Поврзани вести