Франкот ги изнесе Полјаците на улица
Стотици граѓаните излегоа на улица во полските градови Краков, Вроцлава, Гдањск и Шчечина со барање владата да им помогне со неочекувано поскапените кредити. Демонстрантите во Варшава организираа мирна прошетка пред седиштето на полскиот претседател откако градските власти не им дозволија класичен протест оти доцна го пријавиле.
„Банките кон потрошувачите се однесуваат како кон Индијанци на кои им нудат некакви мониста наместо солиден продуукт – кредит“, вели Томаш Садлик од здружението Про футурис, кое е и организатор на протестите.
„Не сакав кредит во франци, но од банката ме разубедуваа дека тоа е најдобриот производ и дека швајцарскиот франк е стабилна валута“, вели една од демонтрантите кои шетаа нив Варшава.
Демонтрантите бараат нивните кредити да се префрлат од франци во злоти и тоа по курсот кој важел на денот кога бил одобрен кредитот.
Над половина милион Полјаци имаат кредити во швајцарски франци. Проблемот со висината на отплатите се појави средината на јануари кога Централната банка на Швајцарија одлучи да не продолжи со вештачко одржување на курсто на франкот.
