Франк-Валтер Штајнмаер: Нападот во Минхен не е разјаснет
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека ситуацијата во Минхен по нападот се уште не е позната.
„Уште од сега е јасно дека има загинати и повредени. Нашите мисли се со сите кои се погодени од овие настани, нивните роднини и пријатели“, изјави министерот, цитиран од РИА Новости.
Ова е прва официјална изјава на висок германски политичар по настаните од петокот вечерта. Според него причините за нападот не се разјаснети, контрадикторни информации има многу, а органите на прогонот прават максимални напори за да спасат човечки живот и да се заштитат луѓето од нови опасности.
„Во последните часови добивме многу пораки за солидарност од целиот свет. Важно е да знаеме дека нашите европски пријатели и меѓународни партнери се со нас“, додаде министерот.
