ФРАНЦУЗИТЕ НЕМААТ МИР: Maж со мачета се шетал во Париз
Полицијата во Париз уапси маж кој шетал со мачета.
Го уапсиле во хотелска соба откако претходно се шетал на улиците на Париз.
Очевидци го пријавиле мажот во полиција, која набргу ја блокирала областа.
„Едно лице со мачета беше пријавено во полиција. Никој не е повреден. Истрагата е во тек“, изјавија од полицијата за АФП.
Во Франција во последно време имаше повеќе инциденти.Исламист во Париз обезглави професор кој во училиштето покажувал карикатура на пророкот Мухамед.
По ова, на улиците на Франција се распоредени повеќе војници.
Слично
