Французите купуваат генератори - дали Париз ќе остане во мрак?
Французите купуваат батериски лампи, генератори, затоа што се плашат од прекини во снабдувањето со електрична енергија.
По нафтената криза од 1973 година, Франција која нема многу ресурси, се потпира на нуклеарната енергија. За 25 години, над 70 отсто од енергијата беше од нуклеарните електрани. Освен тоа, моќната флота на реактори, овозможи Франција да биде еден од најголемите извозници на енергија. Но, последните години Франција се посвети на зелената енергија, а индустријата ги живее најлошите времиња. Сега Франција има 56 нуклеарни реактори, од кои 43 се пуштени во употреба пред 1990 година. Опремата старее, а за модернизација треба вложувања. Земјата која извезуваше струја, ќе мора да купува од соседите. Ризикот во јануари да нема струја е на просечно ниво. Тоа што во 21 век, Французите можат да останат без струја, за медиумите е вина на Русија.
Foto: shutterstock, Alliance Images
