Французите ќе штедат на греење, но и на јавно осветлување
И Франција ќе штеди струја. За таа цел властите подготвија план.
Французите ќе штедат на јавното осветлување, греење на пониска температура, и намалување на потрошувачката на топла вода во државните институции. За граѓаните ќе има и прогноза за снабдување со струја.
Граѓаните секој ден после временската прогноза и помеѓу телевизиските емисии треба да добиваат информации за оптеретувањето на електричната мрежа, проследено со зелени, жолти и црвени симболи, кои ќе покажуваат колку струја е достапна.
Зелениот симбол ќе значи дека потрошувачката на струја е во рамнотежа, жолтиот дека е отежнато снабдувањето, а црвениот ќе предупредува на можен прекин во снабдувањето и на граѓаните ќе им порачува да ја намалат потрошувачката од 8 до 12 часот, како и од 18 до 20 часот.
И во многу други земји ќе има штедење. Во австрискиот град Салцбург во градинките и училиштата нема да има топла вода.foto freepik.com
