Французите и Чесите со лоши резултати во индустријата за автомобили
Годинава ќе има пад до 5% на производството на автомобили во Чешка. Според Асоцијацијата на автомобилската индустрија, домашните фабрики ќе произведат малку над еден милион автомобили или 60 илјади помалку од лани.
Негативниот тренд започна од 2011 година, кога беше постигнат рекордот со произведени 1,2 милиони автомобили. Како причина за падот на производството е кризата Европа, која е важен пазар за чешките производители. Раст од 8% се најавува само во производството на автобуси.
Паѓаат и приходите на гранцускиот производител Пежо-Цитроен во третиот квартал. И тука фактор е слабеењето на пазарот во Европа, но и протестите на работниците во компанијата.
Делот кој призведува автомобили како Пежо 208 или Цитроен C4 имаат пад од 3,7% на 12,1 милијарди евра.
Слично
