Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦУЗИ, ТУРИСТИ, МУЗИЧАРИ, НОВИНАРИ: Кого уби, а кого повреди терористот во Стразбур?

ФРАНЦУЗИ, ТУРИСТИ, МУЗИЧАРИ, НОВИНАРИ: Кого уби, а кого повреди терористот во Стразбур?

Турист, новинар, улични музичари се жртви на терористот кој завчера пукаше на божиќен базар. 

Напаѓачот  29 годишниот Шериф Чекат во нападот во Стразбур уби тројца луѓе од кои третиот им подлегна на повредите во болница. Уште 12 луѓе се повредени, од нив шестмина се критично. 

Единствениот кој е идентификуван од жртвите е Тајланѓанецот Анупонг Суебсамарн (45), кој во Стразбур бил со сопругата во туристичка посета. Тајландската амбасада во Париз го потврди случајот. 

Како што пишува „Франс 24“, тој е убиен додека излегувал од ресторан во центарот на градот. Неговиот вујко изјавил за медиумите дека Суебсамарн и сопругата првично сакале да одат во Париз, ама во последен момент се предомислиле поради протестите, па отишле во Стразбур.

Втората жртва, која имала мозочен удар, е 40-годишен жител на Стразбур со потекло од Авганистан.

Меѓу повредените е и млад радиски новинар од Италија, Антонио Мегализи, кој го погодил куршум во главата и се наоѓа во критична состојба. Тој, како што јави „Ла Република“, дошол во Стразбур за да известува за седницата на Европскиот парламент.

Повредени се тројца улични музичари кои свиреле пред кафуле. Еден од нив бил погоден во врат и се наоѓа во кома. Другиот е во сериозна состојба со повреда на главата, додека третиот е полесно повреден.

Полскaтa амбасада во Париз објави на „Твитер“ дека и еден полски државјанин е меѓу повредените.

Двајца Французи од покраината Восгес, се повредени во нападот. Едниот е погоден во дел од вратот и се наоѓа на интензивна нега, а другата е 18-годишна девојка која е оперирана и е надвор од животна опасност.

Тешко повреден е уште еден Французин, јави „Ле Парисиен“, додека сопственичка на локална продавница објавила на „Фејсбук“ дека нејзината 18-годишна ќерка е ранета во раката. 

Француската полиција упати апел за помош во пронаоѓање на осомничениот за вооружениот напад на божиќниот базар во Стразбур. 

Тој претходно ѝ бил познат на полицијата како некој што преминал во екстремна форма на ислам, а бил во затвор за кривични дела, меѓу кои и за грабеж. Полицијата предупреди дека доколку некој го види осомничениот, да не му се приближува, туку само да се јави во полиција и да пријави.

Слично

Поврзани вести