Француско семејство блокирано на аеродром – Авиокомпанија одбива да го качи нивниот предебел син на авион
Необична случка на аеродромот во Чикаго предизвика полемика за дискриминација . Семејство од Франција веќе 7 дена е блокирано на аеродромот во американскиот град Чикаго . Причината за тоа е што авиокомпанијата не дозволува во авионот да влезе нивниот син , кој е со прекумерна тежина .
22-годишниот Кевин Шене тежи 226 килограми. Тој пристигнал во САД пред речиси две години за хормонално лекување поради прекумерна тежина. Морал да се врати во родната Франција пред една недела , но авиокомпанијата British Airways одбива пристап на младиот човек до авионот , бидејќи е премногу дебел .
"Тоа е дискриминација . Само авионите не се прилагодени за луѓе во нерамноправна положба " , се жали Кевин Шене .
Сега семејството Шене е блокирано меѓу лобито и хотелската соба на аеродромот во Чикаго . Во писмена изјава British Airways објаснуваат дека не можат да ја гарантираат безбедноста на патникот.
" Од авиокомпанијата ни ветија дека ќе ни ги вратат парите , но досега не сме добиле никаков чек " , истакна Рене Шене , кој е татко на Кевин .
Кевин и неговите родители немаат многу опции за да стигнат до Европа . Планираат од Чикаго да патуваат со воз до Њујорк , а потоа да стигнат по море до другата страна на океанот.
Слично
