Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француските контролори на летање започнаа тридневен штрајк

Француските контролори на летање започнаа тридневен штрајк

Контролорите на летање во Франција започнаа денеска тридневен штрајк, поради што се откажани 1.800 летови.

Штрајкот е организиран во знак на протест поради плановите на ЕУ да го либерализира воздушниот сообраќај и да создаде единствен европски воздушен простор.

Очекувањата се дека овој протест ќе се прошири и на другите земји на Унијата, како што се Австрија, Белгија, Велика Британија, Бугарија и Италија, и покрај загриженоста дека таквите планови би можеле да ја загрозат безбедноста и условите за работа.

Синдикатот на француските контролори на летање е против проектот „Единствено европско небо“, кој има за цел управувањето и регулирањето на воздушниот простор да се стави под контрола на ЕУ

Слично

Поврзани вести