Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француските граѓани на протести против Оланд

Француските граѓани на протести против Оланд
Десетина илјади луѓе се собрале на улиците во Париз протестирајќи пред одбележувањето на првата година од изборот на Франсоа Оланд за француски претседател. Полицијата соопштила дека на протестот се собрале околу 30.000 лица, додека организаторите навеле дека имало 180.000 демонстранти. Тие Оланд, член на социјалистичката партија, го обвинуваат дека и’ го завртел грбот на левицата. Еден од организаторите на протестот, Жан Лик Меленсон од партијата Лев фронт рекол дека социјалистичката влада ги измамила своите следбеници од редовите на левицата. „Не ја прифаќаме политиката на штедење“, рекол Меленсон пред насобраните демонстранти. Тие носеле транспаренти со натписи „Долу штедење“ и „Ставете ги луѓето на прво место“.
Слично

Поврзани вести