Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француските енергетски компании апелираат: Веднаш намалете ја потрошувачката на енергија

Француските енергетски компании апелираат: Веднаш намалете ја потрошувачката на енергија

Раководителите на три големи енергетски компании во Франција ги повикаа граѓаните веднаш да ја намалат потрошувачката на енергија поради недостигот и растот на цените, откако беше прекината испораката на руската енергија.

Русија го прекина снабдувањето со енергија по санкциите воведени од западните земји поради агресијата врз Украина.

„Потребен е итен, колективен и масовен напор. Секој гест е важен“, велат Патрик Пужан од TotalEnergies, Жан-Бернард Леви од EDF и Кетрин Мекгрегор од ENGIE, во напис за францускиот неделник JDD.

Европскиот енергетски систем со месеци е под голем товар, па не е поштеден ниту францускиот енергетски систем.

Се воведуваат мерки за рационализација низ целиот континент. Франција, како и другите европски земји, се обидува да ги зголеми резервите на гас за зимата, со цел да го наполни складиштето до почетокот на есента, за да спречи економска и политичка криза.

Преземањето активности во текот на летото ќе не подготви за зимата“, велат челниците на енергетските компании.

Покрај недостигот поради лишувањето од руските извори на енергија, има и други притисоци врз производството на електрична енергија во Европа и намалување на производството на хидроцентрали поради сушата.

Зголемените цени на енергенсите се резултат на овие тешкотии, кои ја загрозуваат нашата социјална и политичка кохезија и имаат големо влијание врз куповната моќ на семејствата“, се вели во текстот.


Слично

Поврзани вести