Францускиот суд ја казни „Ryanair’“ со 8 милиони евра
Поради кршење на локалните закони за работни односи, францускиот суд ја казни авиокомпанијата ,,Ryanair’’ со нешто повеќе од осум милиони евра.
Судот утврди дека ,,Ryanair’’ дејствувала нелегално при вработувањето на повеќе од 120 работници со договори од Ирска, во некогашното седиште во Марсеј помеѓу 2007 и 2010 година.
Авиокомпанијата најави жалба против одлуката на судот.
„Сите наши вработени кои работеле во Марсеј помеѓу 2007 и 2010 година веќе ги уплатија своите доприноси во Ирска, што е во согласност со ирските и регулативите на ЕУ за вработување, ние не веруваме дека ,,Ryanair’’ или нашите вработени ќе треба да ги плаќаат по втор пат придонесите во Франција “, изјавил официјалниот претставник на компанијата.
Слично
