Францускиот сенатор Алан Ришар е именуван за економски претставник на Балканот
Поранешниот министер за одбрана, францускиот сенатор и социјалист Алан Ришар е именуван за претставник на министерот за надворешни работи Лоран Фабијус за развој на економските врските на Франција со Балканот.
Именувањето на Ришар е во рамките на „економската дипломатија“.
„Целиот рефион на Балканот односно 25 милиони луѓе и осум држави сакаат посериозно економскот присуство на Франција. Јас побарав Ален Ришар, сенатор, поранешен министер за одбрана, добар познавач на тој дел од светот, да биде мој претставник во сите тие држави, изјави Лорен Фабијус од AFP.
Ришар беше министер за одбрана во владата на Лајонел Жоспен од јуни 1997 до мај 2002 година.
Во рамките на „економска дипломатија“, којашто се воспоставува за да придонесе кон економското заздравување на Франција, министерот Фабиус веќе именуваше осум свои специјални претставници.
