Францускиот претседател нема среќа во љубовта – вереницата го остави неколку дена пред свадба!
Францускиот претседател Франсоа Оланд не престанува да скандализира со сплетките во својот љубовен живот. Неговата бурна врска со актерката Жили Гаје по се изгледа е веќе завршена и тоа само неколку дена пред нивната свадба.
Според француските медиуми, 42-годишната Гаје била забележана на одмор во Корзика со познатиот француски адвокат Пјер Пујбасе, додека шефот на француската држава заминал на одмор сам.
Таблоидите веднаш на насловните страници ги објавија фотографиите на Гаје на плажа со друг маж, кој подоцна бил идентификуван како правниот експерт од областа на финансискиот менаџмент Пујбасе.
Скандалот не би бил толку голем, доколку Оланд и Гаје немаа веќе закажано свадба за 12 август, на 60-роденден на францускиот претседател. Инаку нивната врска започна со скандал, затоа што заради Гаје, Оланд ја остави својата долгогодишна партнерка Валери Триервеје, која дури живееше со него во Елисејската палата како прва дама.
Претходно, Оланд има четири деца од врската со Сеголен Роајал, која е актуелна француска министерка за екологија.
http://www.youtube.com/watch?v=9n6Tujo6vmA#t=36

Слично