Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ НАЈАВИ НОВ УДАР ЗА РУСИЈА: Работиме на ембарго за руската нафта на ниво на ЕУ

ФРАНЦУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ НАЈАВИ НОВ УДАР ЗА РУСИЈА: Работиме на ембарго за руската нафта на ниво на ЕУ

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека се подготвуваат регулативи за ембаргото за увоз на руска нафта на ниво на Европската унија.

Ле Мер изјави за Радио 1 Европа дека потегот е на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.

„Се надевам дека во следните недели ќе ги убедиме нашите европски партнери да престанат да увезуваат руска нафта“, додаде тој.

Во рамките на шестиот пакет санкции против Русија, Европската унија разгледува мерки кои се однесуваат на банкарскиот сектор, поточно „Сбербанк“, како и ограничувања во областа на енергетиката.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна дека главната цел на санкциите е да се намалат приходите на руските власти и дека ЕУ во моментов „разгледува паметни механизми“ кои ќе овозможат нафтата да биде вклучена во следниот пакет санкции. пренесува Спутник. Официјален претставник на ЕУ ги негираше критиките на германската влада за „забавување“ на усвојувањето на антируските санкции.


Слично

Поврзани вести