Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француски весник: Ким Џонг Ун опериран?

Француски весник: Ким Џонг Ун опериран?

Француски лекар го оперирал лидерот на Северна Кореја во средината на септември, поради што Ким Џонг Ун не се појавил во јавноста повеќе од месец дена, пишува париски весник „Поен“.

„Француски лекар ги оперирал двата глуждни зглоба на Ким Џонг Ун во средината на октомври во болницата Бонгва во Пјонгјанг“, наведува весник повикувајќи се на извори во Јужна Кореја, во кој се додава дека претседателот на Северна Кореја се лечи и од отекување на стапалата и големи плускавци на прстите.

Ким сега се опоравува во својата резиденција на северот на Пјонгјанг, додава весникот, наведувајќи дека досега оваа информација е најверодостојна бидејќи претходно францускиот лекар Даниел Пинкстон од Меѓународната кризна група рекол дека Ким има проблеми со ногата поради што се движи тешко.

Поен пишува дека јужнокорејските тајни агенти го потврдиле присуството на европски, посебно француски лекари во Пјонгјанг.

„Француските лекари одсекогаш биле почитувани во Северна Кореја која веќе неколкупати ги користила нивните услуги. Изгледа дека Ким Џонг Ун ја продолжил таа традиција“, заклучува весникот.

Ким пред три дена не бил на прославата на 69 годишницата од основањето на владеачката Комунистичка партија, поради што во Азија кружат разни гласини за неговото отсуство, меѓу кои и дека е во тек државен удар во една од најзатворените држави на светот.

Слично

Поврзани вести