Француски пратеник вели дека Зеленски е опасна личност
Францускиот пратеник Николас Дипон-Ењан вели дека Франција треба да престане да му доставува оружје на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна. Вели дека украинскиот претседател е опасна личност.
Според него, Зеленски го жртвува својот народ. Вели дека Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна против Русија.
Пратеникот говореше за Спутник и го повика и Западот да се согласи на мировен договор со Русија, кој треба да вклучува заштита на населението од Донбас што зборува руски и неутрален статус на Украина.
„Франција мора – како генералот де Гол за време на Виетнамската војна, како Жак Ширак за време на војната во Ирак – да ја одржи независноста на судот, да стане арбитер и да ги понуди своите услуги за вистински да го врати мирот“, заклучи тој.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, рече дека западните земји кои го поддржуваат режимот во Киев стануваат страни во конфликтот.