Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француски министер против муслиманите да се молат на улиците

Француски министер против муслиманите да се молат на улиците

Францускиот министер за внатрешни работи Жерард Коломб најави забрана за молење на отворено на муслиманите во северните предградија на Париз кои ќе бидат спречени од страна на полицијата. 

Судирот меѓу Коломб и Унијата на муслимански верници (UAMC) доаѓа откако Реми Музо градоначалникот на областа Клиши, решил салата која била изнајмена за изведување молитви потоа била одземена и пренаменета во мултимедијален центар.

Тоа доведе голем број на муслимани своите молитви да го одржат на улиците на северот на Париз и се бунтуваат бидејќи немаат соодветна замена за салата за молитви. 

Унијата најави дека ќе продолжи секој ден да ги повикува верниците на молитва се додека не добијат соодветно решение или пак дозволата за користење на претходната сала им биде продолжена, наместо да бидат дискриминирани директно од страна на градската администрација.

Слично

Поврзани вести