Француски град го менува своето име за да испрати важна порака
Град во Франција го менува своето име за да ја истакне еднаквоста меѓу жените и мажите. Ова е всушност предградие на Париз.
Пантен го менува своето име од машко во женско, на една година, за да се истакне еднаквоста меѓу жените и мажите. Одлуката ја донесе градоначалникот Бертран Карн.
Пантен со додадено „е“ се изговара „Пантин“. Но, тоа нема да биде напишано на таблите на влезот во градот, ниту ќе има официјална промена на поштенската адреса, бидејќи тоа би барало многу административни процедури. Промената е симболична.
„Додаваме „е“ на крајот од името на градот и на тој начин сакаме да ja подигнеме свеста кај луѓето за еднаквоста меѓу жените и мажите“, објасни Керн.
Градоначалникот ја критикува не само постоечката нееднаквост, туку и насилството врз жените со оваа промена на името со многу симболика.
Тој изјави дека жените сѐ уште се помалку платени за својата работа од мажите, одредени професии им се забранети.
Примени на менување на имиња на градови имало и претходно.
Во 2019 година, главниот град на Казахстан, Астана се преименува во Нурсултан.
