Францускaтa централната банка дели откази
Францускaтa централната банка има намера во рамките на својот план за модернизација на мрежата до 2020 година да отпушти 2.500 од 14.000 вработени. Другите намалувања ќе се спроведуваат со тоа што нема да има пополнување на местата на работниците кои се пензионираат.
Во изјавата на финансиска институција се вели дека до крајот на оваа деценија вкупниот број на вработени ќе се намали за 5.000 по основ на заминувањето на вработените кои се пензионираат и откази за вишокот на работна сила.
Централната банка има широка мрежа на филијали, а државните ревизори бараат намалување на трошоците.
Банката вработува околу 14.000 луѓе, додека, за споредба, централната банка на Германија има 9.600 вработени, од кои две третини работат во подрачните канцеларии.
Слично
