Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦУСКАТА АРИСТОКРАТИЈА ГО ПРОДАВА НАСЛЕДСТВОТО: Бараат купувачи за 1.500 замоци

ФРАНЦУСКАТА АРИСТОКРАТИЈА ГО ПРОДАВА НАСЛЕДСТВОТО: Бараат купувачи за 1.500 замоци

Французите ќе продаваат замоци. 

Скоро1.500 замоци може да се најдат на продажба низ цела Франција, објави Ле Фигаро, повикувајќи се на експерти. Но, за нивно одржување се потребни многу пари. 

Замоците на аристократските семејства се пренесувале од генерација на генерација, но сопственици денес ги продаваат.  

„Времето на сопственоста на замокот се намали на осум години во просек“, вели Оливие де Лоргерил, шеф на здружението на сопственици.

Дел од замоците се продаваат за неколку милиони евра. Некои датираат од 18 век, но има и постари. Бидејќи било тешко да се поделат замоците, наследниците одлучуваат да ги продадат. 

Весникот Ле Фигаро додава дека нема да има проблем да се најдат купувачи за скапите замоци околу Париз, но тоа нема да биде случај со изолираните, рурални замоци.

Франција има над 30.000 замоци. 

Таа е позната како една од земјите со најубави замоци во светот. 

Слично

Поврзани вести